Еден човек бил многу сирома, едвај веќе се прерахранувал. Мислил, се чудил, што да прави, најпосле тргнал да си сака к'сметот. Одил, одил — нашол едни аргати (работници) и ги прашал:
— У кого сте ви, бре, аргати?
— У брата ти, му рекле овија. — Негов к'смет.
— Ами ја, дека да го сакам мојот?
— Оди потакај, ќе го најдеш.
Одлил, одил, та дошол до еден сарај. Влегол внатре и гледа — една тепсија, п'лна со секакви манџи и до неја — еден старец.
— Добро, утро, старче! — му рекол овој.
— Дај бог добро! Што си дошол?
— Сакам к'смет.
— Седи тука, ќе видиш, кој ти е к'сметот.
Вечерта дошле наречниците и си викале:
— Денеска што се роди, со таков к'смет да бидат!
На другата вечер човекот седи пак кај старецот и гледа, оти сарајот се умалуе и тепсијата — со помалку манџи. Тија деца, што се родиле тој ден, биле со тој к'смет, а третата вечер — само леб и сол било на софрата и сите , што се родлила таја вечер, биле со сиромашки к'смет. Старецот му проговорил:
—Еве, со ваков к'смет си ти!
Преданија и легенди: „Змејот од планината Пелистер„