субота, 17. јун 2017.
понедељак, 9. јануар 2017.
Родноверни календар
22.12. Божиќ - Сварожиќ - почеток на годината
1, 2, 3, 4. и 5.1. – Песји денови
6.1. Водокрес - Водици
17. и 18. Морана Зимска - Чумини денови
2.2. Громница - Сретение - Перун Зимски
5, 6, 7, 8, 9, 10. и 11.2. Велесови празници
11.2. Велесден
18, 19, 20, 21. и 22.2 Коњски денови
22.2. Триглавов ден
25, 26, 27, 28.2. и 1.3. Глувчешки денови
14, 15, 16 ,17, 18, 19. и 20.3. Бела недела - Бели поклади
20.3. Младенци - Масленица - пролетна рамноденица
21.3. Веснин ден
28, 29, 30, 31, 1, 2. и 3.4. Водена недела
3.4. Воданов ден - Водопол
14.4. Симарглов ден
21, 22. и 23.4. Јарилови празници
21.4. Билен петок
22.4. Лелник - Ладин ден
23.4. Јарилов ден
1.5. Живин ден
2.5. Полебрание
3,4, 5, 6, 7, 8. и 9.5. Русална недела
5,6, 7, 8. и 9.5. Мокошини празници
9.5. Мокоша Пролетна
7.6. Јарило Летен
15.6. Видовден
15, 16, 17, 18, 19, 20. и 21.6. Видови празници
21.6. Купалов ден – летна долгоденица
13, 14, 15, 16, 17, 18, 19. и 20.7. Перунови празници - Горешници
20.7. Перунден
29.7. Велес Летен - Божја брада
2, 3, 4, 5, 6, 7. и 8.8. Стрибогови празници
8.8. Стрибогов ден
6.8.-15.8. Преображение на природата
15.8.-8.9. Меѓуденици
18.8. Хорсов ден
8.9. Ден на Усуд и суденици - Род и рожаници
22.9. Радгостов ден – Есенска рамноденица
21, 22, 23, 24. и 25.10 Глувчешки денови
27.10. Мокоша Есенска
5, 6, 7, 8, 9, 10. и 11.11. Волчји денови
11.11. Дајбогов ден
14.11. Симаргл Есенски
21.11. Морана Есенска
24, 25, 26, 27, 28, 29. и 30.11. Мечкини денови
1.12. Детинци
8.12. Материци
15.12. Отци
15, 16, 17, 18, 19, 20. и 21.12. Коледарски денови
17.12. Кокошији Божиќ
21.12. Коледо - Бадни ден/вечер - зимска краткоденица
среда, 21. септембар 2016.
Наречници (суденици)
Еден човек бил многу сирома, едвај веќе се прерахранувал. Мислил, се чудил, што да прави, најпосле тргнал да си сака к'сметот. Одил, одил — нашол едни аргати (работници) и ги прашал:
— У кого сте ви, бре, аргати?
— У брата ти, му рекле овија. — Негов к'смет.
— Ами ја, дека да го сакам мојот?
— Оди потакај, ќе го најдеш.
Одлил, одил, та дошол до еден сарај. Влегол внатре и гледа — една тепсија, п'лна со секакви манџи и до неја — еден старец.
— Добро, утро, старче! — му рекол овој.
— Дај бог добро! Што си дошол?
— Сакам к'смет.
— Седи тука, ќе видиш, кој ти е к'сметот.
Вечерта дошле наречниците и си викале:
— Денеска што се роди, со таков к'смет да бидат!
На другата вечер човекот седи пак кај старецот и гледа, оти сарајот се умалуе и тепсијата — со помалку манџи. Тија деца, што се родиле тој ден, биле со тој к'смет, а третата вечер — само леб и сол било на софрата и сите , што се родлила таја вечер, биле со сиромашки к'смет. Старецот му проговорил:
—Еве, со ваков к'смет си ти!
Преданија и легенди: „Змејот од планината Пелистер„
Пријавите се на:
Постови (Atom)




